ВИДЕО: Иџе имаше подиум во Монца, но во финишот излета од патеката!

Фото: Фејсбук

Денеска на првата од двете најавени трки викендов во рамките од ТЦР Италија во Монца, Игор Стефановски (бр. 14, „Хјундаи“) ја освои претпоследната позиција.

Македонскиот натпреварувач беше многу блиску да обезбеди подиум, непосредно пред самиот финиш ја имаше третата позиција.

Но, во обидот да биде уште подоброрангиран имаше судир со Бриљадори и излета од патеката. Нашиот Иџе успеа да се врати во трката, но загуби многу места и дојдесамо до 14 претпоследна позиција.

Првото место го освои Џиакон, пред Јелмини, а третопласиран е Тавано. Втората трка во Монца ќе се вози в недела.

– Беше интересно, мислам дека имавме добра трка, добра борба. Искрено уживав од деветтата позиција (обезбедена во квалификациите) да дојдеш до третата, втората, до не знам до кое место дојдовме, за жал во претпоследниот или последниот круг имавме контакт, неизбежен при таа борба, но тоа е што е.

Се трудев да помогнам колку што можам на мојот клупски колега Јелмини, успеавме во тоа. Го чувавме неколку позиции во неколку сегменти од трката да успее, бидејќи сепак се бори за титула.

Се надевам дека уживавте во оваа трка, утре останува да го повториме тоа што го направивме денеска. Навистина се многу добри силни трки. Ме радува тоа што конкуренцијата е на високо ниво и дека тука покажуваме кои сме што сме. А утре доколку даде Господ, да дојдеме до пиедестал, да го дадеме максимумот со тимот – рече Стефановски после првата трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот