Харисон Форд во „Смалување“ / Фото: Apple TV+ / Planet / Profimedia

ВИДЕО | И на 80 години не запира: Харисон Форд зборуваше за сочните детали од спалната соба

Холивудската икона Харисон Форд  откри интимни детали од спалната соба во недамнешното интервју кај Џими Кимел, а подоцна се осврна и на својата кариера. Форд има 83 години, и е познат по своето бурно љубовно минато, а ни денес нема проблем отворено да зборува за тоа што прави во спалната соба.

Затоа и не беше изненадување кога во емисијата кај водителот Џими Кимел призна дека слушал некои од најпознатите песни од своите филмови додека водел љубов.

„Дали некогаш си водел љубов додека во заднина свирела музика од некој твој филм?“ го праша Кимел. Харисон комично одолговлекуваше со одговорот додека публиката се смееше, а потоа рече: „Секако дека сум!“. Кимел се насмеа и додаде: „Па нормално дека си, тоа е навистина глупаво прашање“.

Неговите обожаватели беа љубопитни и кои му се омилените филмови, но тој не даде конкретен одговор. Во друг дел од интервјуто изјави дека нема омилен проект.

„Немам омилен, затоа што навистина го сакам процесот на снимање филм. Тогаш сум најзадоволен, додека го снимаме. Кога вие го гледате филмот, веќе е малку расипан. Додека го работевме, беше многу подобар од тоа што вие го гледате“, се пошегува Форд.

Богатата филмска кариера на Форд вклучува култни класици како франшизите „Војна на ѕвездите“, „Блејд Ранер“ и „Индијана Џонс“. За својата долгогодишна кариера овој месец доби награда за животно дело. Во таа прилика се заблагодари и ја истакна љубовта кон својата сопруга Калиста Флокхарт.

„Од срце им благодарам на моите колеги, на мојата прекрасна сопруга Калиста и на моето семејство кои ми дадоа љубов и храброст во текот на сите овие години“, изјави тој.

Во нивната љубовна приказна многумина се сомневаа поради разликата од 22 години, но тие и понатаму важат за еден од најдолговечните холивудски парови. Се запознале во 2002 година на доделувањето на Златните глобуси, тој ја запросил во 2009 година, а една година подоцна се венчале.

Пред неа, Форд имал бурен љубовен живот, се женел трипати, а се зборуваше дека ја изневерил својата прва сопруга со актерката Кери Фишер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот