ВИДЕО: Хаос по скопските улици – мотоциклист попладнево е удрен на „Илинденска“, возачи дивеат на паркингот кај Народна банка
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на булеварот „Илинден“ во Скопје, објави „Скопје инфо“.
Препорачано
Според првичните информации, автомобил удрил во мопед, чијшто возач е повреден.

Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато и се создаваат гужви.
Ова е последниот во низата тешки сообраќајни инциденти во Скопје и во земјава во изминатите 24 часа. На булеварот „Гоце Делчев“ околу пладне беше смртно прегазен велосипедист, а возачот избега, по што беше фатен.
Вчера попладнето, пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на градот беше прегазена жена на пешачки премин, која заврши во болница со тешки повреди. Во Тетово, пак, тешко е повредено седумгодишно дете. И во овие два случаја, возачите избегале од местото на несреќата.
Снимка на „Слободен печат“, пак, покажува како возачите и натаму ги игнорираат сите сообраќајни правила и поминуваат преку тротоар и велосипедска патека и излегуваат право на пешачки премин за да дојдат преку „кратенка“ од и до дивиот паркинг кај Народната банка.
Тешка несреќа во центарот на Скопје – прегазена жена на пешачки, возачот избегал


