Прегазен човек на пешачки на мост Гоце Делчев - Фото Слободен печат - Меѕтоди Здравев
Прегазен велосипедист на пешачки премин на мостот „Гоце Делчев“ / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО: Прегазен маж пред мостот „Гоце Делчев“ – починал на местото, а возачот избегал

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж кој почина на самото место.

Според информациите од МВР, возачот на автомобилот веднаш избегал од местото.

Прегазен човек на пешачки на мост Гоце Делчев / Фото Слободен печат - Методи Здравев
Прегазен човек на пешачки на мост Гоце Делчев / Фото Слободен печат – Методи Здравев

„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопшти МВР.

Прегазен маж на булевар „Гоце Делчев“ / Фото: Слободен печат

Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Поради несреќата сообраќајот е пренасочен.

И вчера возач избега од местото на кое прегази 79-годишна жена која заврши во болница со тешки повреди. Полицијата синоќа соопшти дека го фатила возачот кој бегал накај Средно Водно.

Тешка несреќа во центарот на Скопје – прегазена жена на пешачки, возачот избегал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот