ВИДЕО: Халеп сигурна, Кербер со пресврт, без проблеми за фаворитките на „УС Опен“

Халеп (Романија) во првото коло во Њујорк ја совлада Италијанската Џорџи/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Стартуваше последниот грен слем турнир годинава „УС Опен“, во женска конкуренција на стартот фаворитките поминаа без поголеми проблеми, со неколку мали изненадувања.

Симона Халеп од Романија во рамките од првото коло ја елиминира Италијанката Камила Џорџи со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 (3).

Во следната фаза романската натпреварувачка ќе ги одмери силите против Кристина Кучова од Словачка која приреди изненадување совладувајќи ја Ен Ли од САД со 7:5 и 6:1.

Каја Јуван од Словенија неочекувано убедливо со 6:1 и 6:4 беше подобра од британската претставничка Хедер Ватсон.

Во американскиот дуел Слоан Стивенс со 6:3, 1:6 и 7:6 (7) за два часа и 12 минути игра триумфираше над Медисон Кијз.

„УС Опен“, жени

1. коло, резултати –

Фернандез (Канада) – Коњух (Хрватска) 7:6 (3), 6:2
Џорџи (Италија) – Халеп (Романија) 4:6, 6:7 (3)
Ли (САД) – Кучова (Словачка) 5:7, 1:6
Путинцева (Казахстан) – Канепи (Естонија) 6:2, 6:7 (4), 2:6
Шериф (Египет) – Калинина (Украина) 6:4, 1:6, 1:6

Векиќ (Хрватска) – Мугуруза (Шпанија) 6:7 (4), 6:7 (5)
Кијз (САД) – Стивенс (САД) 3:6, 6:1, 6:7 (7)
Ерани (Италија) – Александрова (Русија) 3:6, 2:6
Колинс (САД) – Суарез Наваро (Шпанија) 6:2: 6:4
Гарсија (Франција) – Дарт (Велика Британија) 6:7 (6), 6:4, 6:2

Рибакина (Казахстан) – Саснович (Белорусија) 6:2, 6:3
Ватсон (Велика Британија) – Јуван (Словенија) 1:6, 4:6
Петковиќ (Германија) – Бегу (Романија) 6:2, 7:6 (3)
Кербер (Германија) – Јастремска (Украина) 3:6, 6:4, 7:6 (3)
Јоровиќ (Србија) – Осорио Серано (Колумбија) 2:6, 2:6
Крејчикова (Чешка) – Шарма (Австралија) 6:0, 6:4

ВИДЕО: Французинот Пер не можеше ништо против Лајовиќ, па ја навреди публиката во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот