Синтија Ериво и Принц Вилијам - Фото: Инстаграм/hellomag

ВИДЕО | Гламур во замокот Виндзор – Принцот Вилијам им додели престижни кралски одликувања на Синтија Ериво и Мет Лукас

Познатите британски ѕвезди Синтија Ериво и Мет Лукас беа меѓу главните гости на свечената церемонија одржана во замокот Виндзор, каде што примија високи државни почести лично од принцот Вилијам. По добивањето на медалите, филмските и телевизиските икони со гордост позираа пред камерите во дворот на замокот, покажувајќи ги своите нови признанија, пишува „Дејли мејл“.

Синтија Ериво и Принц Вилијам – Фото: Инстаграм/hellomag

Триесет и деветгодишната Синтија Ериво, која во моментов е актуелна на театарските сцени во Вест Енд со својата монодрама „Дракула“, беше прогласена за Член на Редот на Британската Империја (MBE) за нејзиниот вонреден придонес во музиката и драмата. Оваа Бродвеј ѕвезда, најпозната по улогата на зелената вештерка Елфаба во филмската адаптација на мјузиклот „Злобница“ каде глуми покрај Аријана Гранде, за свечениот настан избра впечатлива модна комбинација со црно структурирано палто, макси здолниште, ексцентрична капа и нејзините препознатливи долги нокти.

Синтија Ериво и Фото: Инстаграм/hellomag

Ериво, својата кариера веќе има освоено Греми, Еми и Тони награди, а има и номинација за Оскар.

На истата церемонија, со титулата Офицер на Редот на Британската Империја (OBE) за заслуги во областа на драмата беше одликуван и популарниот комичар Мет Лукас. Педесет и двегодишниот Лукас е добро познат на јавноста како креатор на култните хумористични серии „Мала Британија“ (Little Britain) и „Полетај со мене“ (Come Fly With Me), кои ги создаде заедно со деловниот партнер Дејвид Валијамс, а во поново време и како водител на омиленото шоу „The Great British Bake Off“. Покрај холивудските и телевизиските лица, кралско признание (MBE) доби и младата спортска сензација, играчот на пикадо Лук Литлер. Литлер, кој минатата година влезе во историјата како најмладиот светски шампион во овој спорт на возраст од само 17 години, беше одликуван за неговиот огромен придонес и популаризација на пикадото на глобално ниво, заокружувајќи го овој ѕвезден ден во палатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот