ВИДЕО: Ѓоковиќ титулата на Вимблдон ја славеше заедно со Бобан, Капело, Кин

принтскрин:Instagram/andreareitano_

Новак Ѓоковиќ кој вчера испиша историја со освојувањето на 20 грен слем трофеј во кариерата и вкупно шести на Вимблдон, вчера на „Вембли“ го следеше финалето на Евро 2020 во друштво на италијански пријатели но и на фудбалски легенди.

На Инстаграм се појави видео од ВИП делот на „Вембли“ каде Ѓоковиќ имаше можност да се опушти и да ја прослави освоената титула на Вимблдон, но и да се радува на успехот на Италија на ЕП. Во друштво на Ѓоковиќ беше и легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан кој сега е дел од органите на УЕФА. Покрај нив беа и поранешниот ирски репрезентативец Роби Кин како и легендарниот италијански тренер, Фабио Капело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Reitano (@andreareitano_)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот