ВИДЕО: Франческо Бањаја на два бода од титулата во Мото ГП шампионатот

Франческо Бањаја е многу блиску до титулата во Мото ГП/Фото: EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Франческо Бањаја победи на трката за Големата награда на Малезија и на тој начин дојде на два бода од освојувањето на титулата шампион во класата Мото ГП.

Ова беше седма победа сезонава за италијанскиот возач на „Дукати“, по која има 23 бода повеќе од Французинот Фабио Квартараро кој ја заврши трката на третото место и покрај тоа што возеше со скршен прст. Второто место во Малезија го освоија Енеа Бастианини, кој отпадна од трката за шампион по Малезија.

Шпанецот Мартин добро ја отвори трката, поведе, но излета од патеката веќе во седмиот круг, за до крајот да се води голема борба за првото место меѓу двајцата Италијанци – Бањаја и Бастианини. На крајот Бањаја беше поуспешен и така дојде многу блиску до голем успех.

Останува само уште една трка до крајот на шампионатот, кој ќе се вози во Валенсија во Шпанија на 6 ноември на патеката „Рикардо Тормо“.

Доколку Квартараро победи на таа трка, на Бањаја ќе му биде доволно да заврши на 14 место за да ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот