ВИДЕО+ФОТО: Животот во „последниот слободен град“ во Америка

Фото: Профимедиа

Филмот „Земјата на номадите“ дава поглед кон животот на модерните номади, а нивното кралство на слободата е Слаб сити, „последниот слободен град во Америка“.

Слаб сити е место на напуштена стара војна база во пустината Калифорнија, во кој со децениии се вкрстуваат патиштата на модерните американски номади кои избираат живот на тркала, ослободени од социјалните стеги, но и километри и векови одалечени од цивилизацијата.

Фото: Профимедиа

Во овој необичен „рај на Земјата“ нема струја, ниту вода, ниту канализација.

Фото: Профимедиа

Луѓето спијат во автомобилите, приколките, во напуштените автобуси, во шаторите…

Полицијата никогаш не ги посетува, тука се сами едни за други, а секоја нивна приказна е достојна за филм.

Некои сиромаштијата ги навела на овој начин на живот, некои го избрале бидејќи им се допаѓа да живеат во склад со природата, некои се отфрлени од општеството и семејството, некои бараат уметнички живот… Филмот „Земјата на номадите“ штотуку загреба во шаренилото на тие необични судбини на луѓето кои живеат тука.

Слаб сити ги прифатил сите во своите бои, креативноста, толеранцијата, слободата, а денес важи и за една уникатна туристичка атракција и непресушен извор на инспирација за филмските автори.

Погледнете ги неверојатните „разгледници“ од „последниот слободен град во Америка“, како што го нарекуваат многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Sandell (@sandell.w)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот