ВИДЕО: Ферари го претстави болидот за следната Ф1 сезона, новиот шеф верува во добри резултати

фото: ferrari.com

Италијанскиот тим Ферари денеска го претстави новиот болид „СФ-23“ со кој ќе се натпреварува во претстојната сезона во шампионатот во Формула 1, објави „Скај спортс“.

Презентацијата на новиот болид беше организирана во базата на италијанскиот тим во Маранело. За италијанскиот тим во следната сезона ќе возат Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц, додека новиот тимски шеф ќе биде Фредерик Васер.

– Чувствувам дека сите се горди на сработеното и тоа е многу важно за сечија мотивација. Ќе биде долга сезона, но мотивацијата е тука и таа е клучна за настапот – изјави Васер.

Ферари ќе има претсезонски тестирања од 23 до 25 февруари во Бахреин.

Последен пат италијанската екипа ја освои шампионската титула во конкуренција на конструктори во 2008 година. Ферари 16 пати во историјата беше шампион во Ф1 во конкуренција на конструктори. Возачите на Ферари 15 пати ја освоија титулата во поединечна конкуренција, а последен пат беше во 2007 година, кога пехарот заврши во рацете на Финецот Кими Раиконен.

Новата сезона во Ф1 ќе започне на 5 март 2023 со Големата награда на Бахреин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот