ВИДЕО | Едноставно блеска: Антониа Гиговска го покажа трудничкото стомаче

Антониа Гиговска
Антониа Гиговска / Фото: Скриншот/Инстаграм

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска неодамна ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски ќе станат родители.

Се чини дека талентираната 22-годишна пејачка навистина ужива во својата бременост, а доказ за тоа е нејзината последна објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, Гиговска сподели видеоснимка, на која е облечена во розова кошула и го гали нејзиното трудничко стомаче.

Како потсетување, Антониа Гиговска го прослави нејзиниот 22. роденден минатиот месец, во друштво на нејзиното момче Роберт Спасенцовски.

Двојката беше на патување во зимскиот центар Копаоник во Србија, чија снежна идила се покажала како совршено место за романтично запросување. Тогаш, со објава на социјалните медиуми, Гиговска сподели дека е бремена и дека Спасенцовски ѝ понудил брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Претходно, пејачката беше во подолга љубовна врска со пејачот Иван Јованов од музичката група „Либеро“.

Роберт Спасенцовски е, исто така, музичар и е син на пејачот на народна музика Боби Спасенцовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🦁 (@jovanov_ivan)

Повеќе на темата:

Антониа Гиговска е бремена и верена: Зетот е син на познат фолк-пејач

„Сите викаат снаа, ама јас…“: Се огласи идниот свекор на Антониа Гиговска

Антониа Гиговска со својот лапсус во „Амиџи Шоу“ е хит на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот