ФОТО | „Сите викаат снаа, ама јас…“: Се огласи идниот свекор на Антониа Гиговска

Фото: Принтскрин - Инстаграм/Фејсбук

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска вчера го прослави својот 22 роденден на Копаоник. Посебен роденден кој ќе остане во сеќавање на младата пејачка. На раката на Антониа заблеска голем веренички прстен, но тоа не е најголемата вест. Пејачката ја изненади јавноста со веста дека е во блажена состојба и наскоро ќе се оствари во улогата на мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое! Отсега, секој мој роденден ќе го славиме заедно. Нека ми е среќен роденденот, погодете кој ќе стане мајка. Инаку, прстенот го бирал сам, умирам од среќа.. Си славам роденден, бебе, прстен, се’..“,  напиша Гиговска во објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Антониа покрај прекрасните вести го откри и нејзиното момче, Роберт Спасенцовски со кого е во љубовна врска неколку месеци, а кој дел и од нејзиниот бенд. Младиот музичар Роберт е син на фолк-пејачот Боби Спасенцовски, кој на македонската јавност е познат по неговите настапи на многу фестивали за фолк-музика.

Идниот свекор на младата пејачка по нејзината објава се огласи на социјланите мрежи. Боби сподели фотографија од неговиот син, и идната снаа Антонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bobi Spasencovski (@bobispasencovski)

„Сите викаат снаа, ама јас си добив ќерка. Да сте ми среќни и вечни“, напиша пејачот во описот на фотографијата.

ФОТО | Антониа Гиговска е бремена и верена: Зетот е син на познат фолк-пејач

ФОТО | Портрет на Антониа Гиговска: Млад уметник ја наслика пејачката во гламурозно издание

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот