ВИДЕО | Антониа Гиговска со својот лапсус во „Амиџи Шоу“ е хит на социјалните мрежи

Антониа Гиговска
Антониа Гиговска / Фото: Инстаграм, Антониа Гиговска

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Своите почетоци, младата Антониа ги врзува со шоуто „Пинкови ѕвездички“ кога буквално ги освои срцата на целиот Балкан. Денес, е една од најеминентните артисти смело вивнувајќи се кон секој врв што ќе го замисли. По три години, Антониа Гиговска повторно зачекори во просториите на српската телевизија „Пинк“. Овој пат не се појави на сцената на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, туку беше дел од емисијата на водителот Огњен Амиџиќ„Амиџи Шоу“ .

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Совршено стилизирана во тиркизен фустан нашата млада пејачка заедно со Мирза Селимовиќ, Едита Арадиновиќ и Каја Остојиќ приредија вистинско шоу. Антониа и оваа прилика ја искористи за да ги покаже своите вокални способности, а освен неколкуте самостојни изведба, младата пејачка запеа во дует со победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Мирза Селимовиќ.

Покрај маестралната изведба на Полско цвеќе од Тоше Проески, вистински хит на социјалните мрежи беше и нејзиниот лапсус. Имено, водителот ја замоли Антониа да преведе неколку зборови на македонски, а кога ја праша како на македонски се вика „слатко во тегла“, на нејзиниот одговор сите слатко се насмеаја. На ова пејачката одговори „компот“, по што веднаш потоа почнаа да се појавуваат мемиња на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот