ВИДЕО: Џабе ѕверската партија на Јанис, Милвоки загуби од Шарлот

Јанис Адетокумпо не успеа да му донесе нова победа на Милвоки/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Шампионот Миквоки бакс е поразен на гостувањето кај Шарлот хорнетс со 114:106 иако Јанис Адетокумпо имаше неверојатна вечер. Гркот натпреварот го заврши со 43 поени и 12 скокови, Крис Мидлтон постигна 27, но причина за поразот е што останатите играчи на Милвоки заедно дадоа само 36 поени. Кај Шарлот најдобри беа Тери Розиер со 28 поени и Мајкл Бриџис со 21 поен.

Во дербито на вечерта, Мајами хит со 123:100 го победи Феникс санс кој се уште има една победа повеќе од Голден Стејт вориорс и е најдобар тим во НБА Лигата со скор од 30 триумфи и само девет порази.
„Сонцата“ немаа решение за одличните шутери на Мајами кои погодија 22 тројки од 44 обиди. Тајлер Хироу со 33 поени беше најдобар кај Мајами, а Данка Робинсон постигна 27 поени и погоди дури осум тројки.


Одлична вечер имаше и Домантас Сабонис кој со 42 поени е најзаслужен за победата на Индијана од 125:113 над Јута џез.

Резултати:
Шарлот – Милвоки 114:106
Детроит – Орландо 97:92
Индијана – Јута 125:113
Бостон – Њујорк 99:75
Феникс – Мајами 100:123

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот