ВИДЕО: Два црвени картони и пенал, Валенсија сигурна на „Местаља“

Макси Гомез (Валенсија) во дуел со Матијанс Оливера (Хетафе)/Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

На стартот од новата сезона во шпанската „Ла Лига“ екипата на Валенсија дома минимално славеше против Хетафе во рамките од првото коло.

Заминувањето на Лионел Меси во моментов е главна вест во шпанскиот фудбал, но и без него ќе се игра „Ла Лига“ која официјално започна во петокот.

Првиот натпревар кој се одигра беше на стадионот „Местаља“ каде Валенсија го пречека Хетафе и го совлада со 1:0.

Почетокот на натпреварот воопшто не најавуваше таков исход. Веќе во третата минута домаќините останаа со десет со играчи на теренот, откако Уго Гиљамон доби директен црвен картон.

Сепак, во 11. минута, Валенсија поведе преку Карлос Солер кој прецизно го изведе пеналот и со тоа му донесе голема радост на домашниот тим.

Логично, по ова Хетафе ја презеде иницијативата и упати дури девет удари кон голот на Валенсија до полувремето, но гол немаше. Во вториот дел Валенсија даде сè од себе за да го спаси голот и на крајот успеа.

Нападите на Хетафе веќе не беа толку опасни, а дополнителен проблем беше црвениот картон, поточно вториот жолт картон за Ерик Кабако во 76 минута, па и Хетафе мораше да го заврши натпреварот со 10 играчи.

Сезона 2021/2022
Ла Лига

1. коло

Валенсија – Хетафе 1:0

Сабота:
19:30 Мајорка – Бетис
19:30 Кадиз – Леванте
22:00 Алавес – Реал Мадрид
22:00 Осасуна – Еспањол

Недела:
17:30 Селта Виго – Атлетико Мадрид
20:00 Барселона – Реал Сосиедад
22:15 Севиља – Рајо Ваљекано

Понеделник:
20:00 Виљареал – Гранада
22:00 Елче – Атлетик Билбао

ВИДЕО: Кошмарен старт за Арсенал, планираше три, не освои ниту еден бод

ВИДЕО: Баерн ги шокираше навивачите, реми во првото бундеслигашко коло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот