ВИДЕО: Кошмарен старт за Арсенал, планираше три, не освои ниту еден бод

„Топџиите“ уште во првото коло ги разочараа своите навивачи/Фото: EPA-EFE/Alastair Grant

Прво, потоа пораз за Арсенал. Премиер лигата започна, и додека „топџиите“ ги очекуваа првите три бода, видовме нешто сосема поинакво, победа на домашниот Брентфорд, новиот член во елитното натпреварување. На крајот новајлијата славеше со 2:0 (1:0) во рамките од првото коло.

Арсенал имаше иницијатива од самиот почеток, имаше повеќе топка во својот посед, се обиде да стигне прв до гол, но не успеа. Се чувствуваше и отсуството на Лаказет и Обамејанг, а во самиот напад беше потребна рутина.

Беше казнет лондонскиот клуб во 22 минута, Канос ја доби топката на работ од шеснаесетникот, успеа да се избори за удар, шутираше и – погоди за водство, 1:0.

На фудбалерите на Арсенал им недостасуваше искуство на денешниот натпревар, додека Брентфорд играше под одличен адреналин. Јасно е кој тим е подобар, но и екипа која сакаше да победи повеќе вечерва. Се испостави дека желбата беше одлучувачка.

Артета се обиде на сите начини, но наместо да израмни, виде уште еден гол во мрежата на неговиот состав.

Данецот Соренсен изведе аут, ја испрати топката во шеснаесетникот, а по скокот беше одбиена до Норвежанецот Норгард, кој ги постави конечните 2:0.

Кошмарен старт за Артета и Арсенал во натпревар во кој многумина очекуваа три бода, но не видоа ниту еден.

Премиер лига 2021/2022

1. коло

Петок

Брентфорд – Арсенал 2:0

Сабота

13.30 часот
Манчестер јунајтед – Лидс

16.00 часот
Барнли – Брајтон
Челси – Кристал палас
Евертон – Саутемптон
Лестер – Вулверхемптон
Ватфорд – Астон Вила

18.30 часот
Норич – Ливерпул

Недела

15.00 часот
Њукасл – Вест Хем
Тотенхем – Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот