ВИДЕО | Длабока емоција: Цеца ја објави песната „За крај“ посветена на Џеј Рамадановски

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Биографскиот филм „Недела“ кој го опишува животот на покојниот српски пејач Џеј Рамадановски од 18 јануари ќе биде прикажан во кината низ Србија и регионот.

Инспириран од вистински настани, филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ, а во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ. Во него се раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што пејачот го постигна.

Насловната песна „За крај“, ја отпеа регионалната ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, која синоќа ја објави на својот официјален Јутјуб канал.

Популарната пејачка како најава, објави дел од новата песна и на социјалните мрежи, што ја отпеа за потребите на филмот за животот на легендарниот Џеј.

Покрај краткото видео, Цеца им посвети емотивна порака на покојните пријатели и колеги Марина Туцаковиќ и Џеј Рамадановски.

„’Сега да ти покажам љубов…’ Знам дека сте нестрпливи и не сакам да чекате долго. Одбројуваме… Симболично ‘За крај’ за нашиот Џеј и нашата Марина. Фута и јас…“ – напишала кратко Цеца.

Пејачката потенцираше дека оваа песна не е напишана специјално за нејзиниот репертоар или албум, туку исклучиво за промоција на филмот. Нејзиниот долгогодишен пријател и поранешен соработник Александар Радуловиќ Фута ги создаде музиката и аранжманот, а текстот го потпиша неговата покојна сопруга Марина Туцаковиќ.

Цеца објасни дека песната носи длабока емоција каква што ја имаа Марина и Џеј и дека е сигурна дека со гласот ѝ ја пренела на публиката.

Со помош на вештачката интелигенција: Цеца ќе ја пее насловната песна за филмот на Џеј Рамадановски

Почна снимањето на филмот за Џеј Рамадановски: Сопругот на Туцаковиќ ќе биде дел од проектот по двете трагедии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот