Почна снимањето на филмот за Џеј Рамадановски: Сопругот на Туцаковиќ ќе биде дел од проектот по двете трагедии

Биографскиот фил „Недела“ кој ќе го опише животот на покојниот Џеј Рамадановски започна да се снима пред две недели, а сега испливаа и нови детали за овој проект кој продукцијата го држи во најголема тајност.
Како што дознава српски „Курир“ дел од екипата ќе биде и Александар Фута Радуловиќ кој со овој проект се враќа на голема врата по големите две трагедии кои му се случија во изминатиот период.
View this post on Instagram
По загубата на Марина Туцаковиќ и синот пред неколку месеци, тој вели дека бил ангажиран поради авторските права на текстовите кои ги има напишано неговата сопруга за покојниот Џеј.
„Се е регулирано што се однесува на правата уште одамна. Дури и јас се ангажирав околу музиката за некои делови од овој филм. Малку по малку се враќам и Марина тоа би го сакала и и било многу драго“ – изјавил Фута.
Џеј Рамадановски почина на 56-годишна возраст поради проблеми со срцето. Иако е роден во Белград, Џеј имаше македонско потекло, односно неговите родители биле Роми од Ресен. За веста која го растажи целиот Балкан, многумина прокоментираа дека тој починал токму на денот кога ја испеа својата позната песна и голем хит „Недела“.
View this post on Instagram
„Недела, и сите сте тука, а јас не сум со вас“, гласат стиховите на песната.
ВИДЕО| Стихот како судбина: Џеј Рамадановски почина на денот за кој го испеа својот најголем хит!