ВИДЕО| Стихот како судбина: Џеј Рамадановски почина на денот за кој го испеа својот најголем хит!

инстаграм

Прославениот фолкер Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст поради проблеми со срцето.

Иако е роден во Белград, Џеј имаше македонско потекло, односно неговите родители биле Роми од Ресен. За веста која го растажи целиот Балкан, многумина прокоментираа дека тој починал токму на денот кога ја испеа својата позната песна и голем хит „Недела“.

„Недела, и сите сте тука, а јас не сум со вас“, гласат стиховите на песната.

Малкумина знаат дека на славниот пејач, неговата наставничка му помогнала најмногу во животот и дека тој ја гледал како негова мајка.

„Џеј одеше во нашето училиште, негова учителка беше Даница Пекиќ. Таа го пронајде како плаче на улица и го донесе на училиште. Џеј велеше дека таа за него била како мајка и дека да не била таа, тој никогаш немало да тргне по вистинскиот пат. Даница му купи книги, облека и се грижеше за него. Беше на училишната прослава, па низ солзи зборуваше за Даница, многу ја сакаше“, изјавил за „Блиц“ претходно Драгомир Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот