Почина легендарниот Џеј Рамадановски на 56-годишна возраст

facebook

Иако се родил во Белград, Рамадановски имаше македонско потекло, односно неговите родители беа Роми од Ресен.

Познатиот пејач Џеј Рамадановски почина на 56 годишна возраст, по неуспешната реанимација од страна на брзата помош.

Фото: Фејсбук

Во неговата последна објава на социјалните медиуми, напиша дека е во строг карантин поради здравствените проблеми што ги има и дека коронавирусот би бил фатален за него.

„Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразам. Веќе имав проблеми со здравјето на срцето и вирусот може да биде фатален за мене“, објави Џеј пред неколку дена.

Инстаграм

„Не ги гледам ниту моите најдобри пријатели и морам да признаам дека многу ми недостига кафулето. Се плашам и едвај чекам да одам повторно во кафеана кога сето ова ќе заврши, иако не требаше да пијам“, истакна Рамадановски.

Инаку, Џеј имаше операција на срцевиот залисток во Виена пред три години, а потоа лекарите му рекоа дека мора строго да се грижи за исхраната и здравиот живот. 

Неговите колеги веќе започнаа да се простуваат од него, а дел од нив е и актерот Драган Бјелогрлиќ.

Фејсбук/Скриншот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот