ВИДЕО| Лепа Брена, Дара Бубамара, Аца Лукас… Ова се пејачите кои имаа чест да снимат дует со Џеј Рамадановски!

Facebook

Денеска почина Џеј Рамадановски, великанот на регионалната музичка сцена, чии балади, како и многу хитови, се запишани во аналите на југословенската музика.

За време на неговата повеќедецениска кариера, тој соработуваше со многу колеги и сними некои од најубавите дуети на естрадата.

Еден од првите дуети што ги сними е со најголемата балканска sвезда Лепа Брена, наречена „Љубовни играрии“ во 1991 година. Џеј се појави и во филмот на Брена „Ајде да се сакаме 2“. Брена во тоа време беше популарна во регионот, додека Џеј ја започнуваше својата кариера. 

Песната „Секси ритам“ ја промовираше во 1993 година, а овој хит подоцна постојано го изведуваше Дара Бубамара, па поради тоа подоцна песната почна да се смета за нивен дует, а оваа соработка му донесе голема популарност на Џеј.

Џеј го сними дуетот „Зошто си тажен, пријателе“ со Аца Лукас во 2000 година

Со Бобан Рајовиќ Џеј ја испеа песната „Еј, животе пријателе“.

Сепак, соработката што остави најголем белег во богатиот дискографски опус на Џеј е онаа што ја имаше со неговата колешка Мина Костиќ.

Џеј и Мина ги вкрстија гласовите во 2001 година и го снимија дуетот „Славија“, а песната брзо стана еден од најголемите хитови во тој период. 17 години подоцна, односно минатата година, испејаа и песната „Нема понатаму“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот