Со помош на вештачката интелигенција: Цеца ќе ја пее насловната песна за филмот на Џеј Рамадановски

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На 6 декември се навршуваат три години од смртта на српскиот пејач Џеј Рамадановски, а премиерата на филмот за неговиот живот е планирана токму за тригодишнината од неговата смрт, пишува српски „Телеграф“.

Филмот е подготвен за свечена проекција, а како што открива извор близок до режисерот, насловната нумера на филмот ќе ја отпее српската фолк-пејачка и блиска пријателка на Џеј, Светлана Цеца Ражнатовиќ, дознава екслузивно „Телеграф“.

– Постоеше одредена песна која пред неколку години Марина и Фута ја напишале за Џеј, а која тој никогаш не ја снимил. Во тоа време веќе беше болен и немаше сила да ја сними, а многу му се допадна. Песната остана во „фиока“ сè додека не се создаде идејата за снимање на филмот. Потоа, Фута ја понуди на режисерите кои ја прифатија со одушевување – рекол изворот и додал:

– Долго размислувале кој од неговите колеги би можел да ја отпее песната и едногласно заклучиле дека Цеца е најадекватна, бидејќи ја има таа емоција во гласот. Веднаш ѝ се јавиле и Цеца воодушевено прифатила. Била многу емотивна, како поради тоа што Марина ја напишала песната, така и затоа што требало да ја пее за потребите на филмот на нејзиниот голем пријател – ја завршува приказната изворот.

Фута дури им дал и демо верзија на песната што ја отпеал Џеј. Благодарение на обработката на звукот, но и на вештачката интелигенција, тие успеале да ја склопат и верзијата на Џеј ќе се најде во одјавата на филмот, дознава „Телеграф“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот