ВИДЕО: Цел натпревар за Елмас, Гранада го изненади Наполи!

Фото: EPA-EFE/Miguel Angel Molina

Се комплетираа сите први натпревари од 1/16 финалето во фудбалската Лига Европа, Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас загуби на гостувањето кај Гранада со 2:0.

Нашиот играч беше стартер во составот на Џенаро Гатузо и го одигра целиот меч во Шпанија, воедно во првото полувреме доби жолт картон.

Домаќините успеаја да дојдат до победата со головите на Херера во 19 и Кенеди во 21 минута од средбата. Реваншот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол е на 25 февруари.

Арсенал ремизираше 1:1 на неутралниот терен во Рим против Бенфика, Португалците стекнаа водство од 55 минута од пенал кој го реализираше Пици, а „топџиите“ израмнија преку Сака 120 секунди подоцна.

Многу блиску до пласман во следната фаза е Шахтјор Доњецк кој со 0:2 во Израел го совлада Макаби Тел Авив. Стрелци на головите за украинскиот претставник беа Алан Патрик (31`) и Тете (90+3`).

Лига Европа

1/16 финале, први натпревари –

Антверп – Ренџерс 3:4
Бенфика – Арсенал 1:1
Гранада – Наполи 2:0
Лил – Ајакс 1:2
Макаби Тел Авив – Шахтјор Доњецк 0:2
Молде – Хофенхајм 3:3
Салцбург – Виљареал 0:2

Лига Европа: Радост за Адеми и Ристовски, Јунајтед пресилен за Реал Сосиедад!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот