Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Бени Бланко: „Не се туширам секој ден, но мирисам одлично“

Откако ја изненади јавноста со своите валкани стапала, музичкиот продуцент и избраник на пејачката Селена Гомез, Бени Бланко, отворено призна дека не се тушира секој ден, истакнувајќи дека има добар причина за тоа и дека, и покрај сè, мириса одлично.

Првите коментари се појавија веднаш по првата епизода од неговиот поткаст, каде камерите го снимија со видливо валкани стапала додека седеше на каучот. Интернетот за тоа немаше милост – корисниците се шегуваа и му советуваа да ги измие нозете. Бланко подоцна во емисијата на водителот се обиде да ја одбрани својата репутација.

„Не сум јас виновен, туку објектот“, рече тој, а потоа ја симна чорапата за да покаже дека стапалата всушност се чисти. „Имам одлични стапала. Нека зумира некој за да види колку се чисти, сериозно“, додаде тој.

Но вистинската бура започна по интервјуто за магазинот „Пипл“, каде детално го објасни својот пристап кон хигиената. Тој призна дека не се тушира секојдневно, бидејќи смета дека тоа ја суши кожата и ги отстранува природните масла кои ја штитат.

„Навистина сум чист, но не се туширам секој ден. Некои луѓе што ги познавам се тушираат два до три пати на ден, но јас сметам дека маслата на кожата не добиваат време да се обноват“, објасни Бланко.

Неговиот главен принцип е едноставен: „Не смрди“. Тој вели дека, и покрај поредовното туширање, секогаш мириса убаво, што го потврди и неговиот близок пријател, музичарот Ед Ширан.

Во една од подоцнежните епизоди на поткастот, Ширан го бранеше својот пријател. На прашањето дали се тушира секој ден, тој одговори потврдно, понекогаш и двапати на ден.

„Се чувствувам како тебе, изгледа дека не мирисам убаво, но всушност ти си човекот со најдобар мирис што го познавам“, рече Ширан.

Бланко се насмевна и се согласи: „Знам, мирисам убаво. Дури и кога не се туширам“.

Неговиот идеален мирис го опиша како мешавина од тутун и шеќерна волна, со комбинација од машки и женски ноти. Тој сака специфична арома да се шири зад него додека минува.

Сепак, неговите обожаватели, особено оние на Селена Гомез, не се воодушевени од овие навики и често ѝ препорачуваат да „избега од него“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот