ВИДЕО: Барди повторно тренира, Ристовски негативен на ковид-19
Добри информации доаѓаат за македонската А репрезентација кога се во прашање две клучни имиња во составот и кои настапуваат во странство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Минатиот месец нашата сениорска селекција оствари историски успех со пласманот на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.
Енис Барди ги пропушти последните три меча, против Грузија, Естонија и Ерменија, а причина беше повредата на `рбетот.
Последниот настап за Леванте го имаше на 8 ноември во шпанската „Ла Лига“ против Депортиво Алавес, а ги пропушти наредните четири дуели со Елче, Реал Ваљадолид, Хетафе и последниот вчера на „Камп Ноу“ со Барселона. Клубот од Валенсија во текот на денешниот ден на официјалниот Твитер профил објави видео од Барди кој повторно тренира, засега индивидуално, а секако се надеваме дека наскоро повторно ќе го видиме и на натпреварите.
Como nos gusta ver a @enisbardhi10 sobre el verde ?#OrgullGranota ? pic.twitter.com/Xay9lW7HJB
— Levante UD ? (@LevanteUD) December 14, 2020
Стефан Ристовски настапи на сите три последни меча за А репрезентацијата, а по одигрувањето на истите нашиот дефанзивец на 19 ноември беше објавено дека е позитивен на ковид-19.
Португалските медиуми денеска известуваат дека Македонецот се опорави од коронавирусот и може да се фокусира на клупските обврски во Спортинг Лисабон.
Изминатите неколку месеци се шпекулира дека Ристовски не е повеќе во плановите на тренерот на португалската екипа Рубен Аморим и дека се поврзува со можен трансфер во Русија.
И додека е таква „статус-кво“ ситуација, можеби и до моментот доколку се одлучи за нов клуб, ќе тренира со Б тимот на Спортинг Лисабон.



