Ристовски би можел да ја продолжи кариерата во Русија!

Фото: EPA-EFE/GEOR

Јануари се ближи, а со тоа и стартот на зимскиот преоден рок во кој клубовите ќе бараат нови засилувања, а помеѓу нив и екипите од Русија.

Како што информира „time24.news“, Динамо Москва повторно покажува интерес за македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски (28).

Десниот бек е стара желба на тимот, столбот во одбраната на нашата А селекција моментно според „Трансфермаркт“ вреди 3,5 милиони евра.

Уште во текот на минатиот преоден рок Русите се обидуваа да постигнат договор со лисабонските „лавови“. Не беше реализиран трансфер, Ристовски остана Спортинг Лисабон, иако веќе не е прв избор кај тренерот Рубен Аморим.

Останува да се види која ќе биде одлуката на Македонецот кој успеа со репрезентацијата да оствари пласман на Европското првенство, а потоа на 17 ноември објави на социјалните мрежу дека е позитивен на ковид-19.

Моментно Динамо Москва во најсилното руско првенство е на петтото место со 27 бодови, пет помалку од водечкиот Зенит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот