ВИДЕО: Авион се урна кај Кавала во Грција, кружи драматична снимка од падот

Фото: Јутјуб/принтскрин

Авион „Антонов“ од руско производство вечерва се урна во близина на грчкиот град Кавала, јавија локалните медиуми.

Според првите информации, пилотот побарал дозвола итно да слета на аеродромот во Кавала, но не успеал. Според дел од медиумите, станува збор за товарен авион, кој летал од Ниш кон Аман, во блискоисточната земја Јордан.

На социјалните мрежи се појави снимка направена од луѓе кои живеат во близина на местото, на која е снимен самиот пад на авионот. По падот се слушнале експлозии, а се појавија и непотврдени информации дека авионот превезувал муниција.

Спасувачки екипи од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека се слушаат експлозии и прекин на електричната енергија во околните населени места, откако при падот ги пресекол каблите за струја.

Засега нема информации за тоа колку луѓе имало во авионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот