ВИДЕО: Андоновски и САД ја забележаа првата победа на Игрите во Токио

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Продолжија натпреварите од женскиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри во Токио, а репрезентацијата на САД ја оствари првата победа.

Американките кои во првиот меч беа изненадени со високиот пораз од Шведска (3:0), денеска во рамките од групата „Г“ го совладаа Нов Зеланд со 6:1.

САД се предводени од Влатко Андоновски, македонскиот тренер кој како играч настапувал и во нашата земја за Работнички, Македонија ЃП и Вардар, тренерската кариера ја започна во САД, а сега ја води и американската селекција која е светски шампион од 2019 година.

Во истата група Швеѓанките ја забележаа и втората победа над Австралија (4:2) и моментно прво со шест бодови, пред САД кои имаат три.

Во групата „Ф“ Холандија ремизираше со Бразил (3:3), а Кина и Замбија одиграа уште поефикасен меч (4:4). На табелата после две кола водат Холандија и Бразил со по четири бодови, по еден Кина и Замбија.

Велика Британија дојде и до вториот триумф во групата „Е“ над Јапонија (1:0), а Канаѓанките со 2:1 беа подобри од Чиле. На табелата води Велика Британија со шест бодови, пред Канада (4), еден има Јапонија, а без бодови се Чилеанките.

ВИДЕО: Кина најдобра со четири медали на првиот ден, остварени нови олимписки рекорди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот