ВИДЕО | Анастасија откри кој е најголемиот непријател на семејството Ражнатовиќ: Беше долгогодишен пријател на Цеца

Фото: Принтскрин - Instagram

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ која се емитува на српската телевизија „Пинк“. Во разговорот со водителот Огнен, ќерката на Цеца откри интересни детали и тајни за семејството Ражнатовиќ кои досега не и беа познати на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AmiG Show (@amigshow)


Анастасија открила дека во детството многу и се допаѓал актерот Виктор Савиќ, но и пејачот Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ толку многу и се допаѓал што дури посакувала нејзината мајка да се забавува со него.

Пејачката откри и кој била нејзина симпатија од светската музичка сцена:

„Имав среќа да го запознаам и Енрике Иглесијас кога имаше концерт во Белград. Ме бакна во образ, пет дена не сакав да мијам лице“ – се пошегувала Анастасија за време на разговорот.

На прашањето кој е најголемиот непријател на нивното семејство, таа без двоумење го посочила познатиот модниот креатор Видиќ.

ФОТО | Цеца во модна комбинација која чини 5.000 евра: Сите очи вперени во чизмите на пејачката

„Саша Видиќ“. Дали треба да додадам нешто?“, прашала ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Имено, Саша и Цеца две децении биле неразделни пријатели но откако пукна тиквата, креаторот не пропушта јавно да ги навредува пејачката и нејзиното семејство.

Крај на љубовта: Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ се разделија по пет години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот