ВИДЕО | Амбер Херд пред судот тврдела дека ги покривала модриците со шминка: Се огласија од козметичката компанија

џони деп
Поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп / Фото: EPA-EFE

Холивудскиот пар Џони Деп и Амбер Херд изминатиов период се во центарот на вниманието на светската јавност поради судењето, а секојдневно излегуваат на виделина нови детали и обвинувања. Поранешниот брачен пар ги користи сите можни средства во правниот конфликт, а Амбер сега наводно е фатена во лага.

Брендот за шминка „Milani Cosmetics“ објави видео на „ТикТок“ во кое истакнаа дека тврдењето на актерката и нејзиниот адвокатски тим изнесено пред судот – не е вистина.

Амбер Херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Амбер и нејзините адвокати во петокот на судењето донесоа нов доказен материјал. Адвокатката на Амбер Херд им го покажа на поротата и на судот козметичкиот производ и тврдеше дека актерката го користела коректорот во текот на нејзината врска со Џони, за да ги покрие модринките добиени од физичкото насилство. Адвокатката на Амбер, Елејн Бредехофт, го покажа контроверзниот коректор на поротата, судот и на целата светска јавност.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO /

Неочекуван пресврт

Но, следеше неочекуван пресврт. Козметичкиот бренд „Milani Cosmetics“ објави видео на нивниот тикток-профил негирајќи ги тврдењата на Амбер. Имено, како што велат, производот кој Амбер и нејзиниот адвокатски тим го доставиле како доказ, „Milani All In One Correcting Kit“, бил лансиран дури во 2017 година, откако завршил бракот на Џони Деп и Амбер Херд.

„Milani Cosmetics“ во петокот објави видео во кое објаснија дека коректорот прикажан од адвокатката на Амбер не бил достапен пред 2017 година, а наводните жестоки расправии помеѓу брачниот пар се случувале од 2012 до 2016 година.

@milanicosmetics You asked us… let the record show that our Correcting Kit launched in 2017!👀 #milanicosmetics ♬ International Super Spy – dylan

Иако адвокатката на Амбер конкретно не го именуваше коректорот како производ на „Milani Cosmetics“, за време на судењето таа го покажа производот истакнувајќи дека Амбер го користела секојдневно за да ги сокрие модриците. Сега се шпекулира дека е можно адвокатката само да го користела споменатиот производ како пример за видот на шминка што ја користела Амбер, но можно е и наводите за злоупотреба да се лажни.

Амбер Херд
Амбер Херд со нејзиниот адвокатски тим / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Судењето продолжува денес во Вирџинија, каде Џони Деп се обидува да докаже дека текстот објавен во „Washington Post“ од 2018 година напишан од Амбер Херд, во кој таа го обвини за семејно насилство, е обична клевета. Деп од самиот почеток ги негираше наводите на Амбер и бара отштета од најмалку 50 милиони долари плус парична казна од најмалку 350.000 долари, заедно со судските трошоци и адвокатските трошоци.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @truecrime_jankie

 

Повеќе написи на темата:

 

ВИДЕО | Шокантно сведочење на Џони Деп: Амбер ме удираше со тупаници, креветот ми го намачка со фекалии

 

Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот