ВИДЕО | Шокантно сведочење на Џони Деп: Амбер ме удираше со тупаници, креветот ми го намачка со фекалии

Фото: Профимедиа

Холивудското судење на векот, помеѓу поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд продолжува, а деталите за ужасниот однос кој холивудската двојка го имала во текот на нивниот 15-месечен брак не престануваат да ја шокираат јавноста.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

По приказната за отсечениот прст, Џони Деп продолжил со сведочењето и раскажал како Амбер му се одмаздила за една случка со тоа што извршила голема нужда во неговиот кревет. Сè се случило на денот кога актерката го прославила својот 30-ти роденден, а Деп задоцнил на прославата во својот стан во Лос Анџелес бидејќи бил на состанок со своите финансиски советници.

– Недостасуваа многу пари и сакав да знам што се случило. По 30 години во индустријата, бев шокиран од мојата финансиска состојба. Ѝ се јавив Амбер да ѝ кажам дека ќе доцнам, таа само ми рече да земам уште „трева“ и вино“ – изјавил актерот.

По вечерата во пентхаусот во кој живееле, Херд физички го нападнала Деп и тој ѝ рекол дека ја напушта. Деп вели дека таа збеснела и дека неколкупати го удрила по лицето, но дека тој не ѝ возвратил. Деп бегајќи од нејзиниот бес и напад, отишол да преноќи во куќа што ја има во другиот дел на градот.

– Следниот ден сакав да одам во пентхаусот да си ги земам работите и му реков на телохранителот да ме однесе таму. Знаев дека Амбер ќе оди на фестивалот Коачела со нејзините пријатели и дека таа нема да биде таму. Тој ми рече дека не е добра идеја да одам таму, а потоа куќната помошничка ми испрати фотографија од нашиот кревет. Изметот јасно се гледаше од мојата страна од креветот – рекол Деп.

Фото: Профимедиа

Амбер подоцна се обидела да ги обвини своите кучиња за грозоморната случка, но актерот рекол дека изметот сигурно бил човечки затоа што едноставно имало премногу од него.

– Јас живеев со нејзините кучиња и им го собирав изметот, тоа се животни тешки по два килограми и нема шанси дека тоа излегло од нив – рекол актерот.

Тој на вчерашното рочиште изјави дека Амбер повеќепати се заканувала дека ќе се самоубие по нивните жестоки расправии.

– Херд спомна самоубиство во неколку наврати. Тоа е нешто што секогаш останува во вашата потсвест и нешто од што се плашите – рекол актерот и додал дека Амбер го спречувала секој пат кога сакал да замине и му велела дека ќе умре без него.

„Дури и кога ќе успеев да избегам, таа се појавуваш во ноќницата во три или четири часот наутро пред мојата куќа вриштејќи и плачејќи. Ситуацијата беше надвор од контрола“, рекол Деп.

Според неговите зборови, Амбер секогаш манифестирала потреба за кавга и насилство.

– Почнуваше со шлаканица. Со туркање. Со фрлање на далечинското за телевизор во мојата глава. Со фрлање чаша со вино во моето лице. Но, тоа беше константно – раскажал Деп.


Деп бара од Херд отштета од 50 милиони долари бидејќи таа го нарече насилник во написот што го напиша за „Вашингтон пост“.

Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот