ВИДЕО: Адетокумбо не може сам против светските шампиони, Бем Адебајо ја урна Атланта

Бем Адебајо („Мајами хит“) во акција на натпреварот против Атланта/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Се одиграа четири натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот (НБА), Кливленд славеше против Голден Стејт со 118:110.

За Кавалирси најрасположен беше Леверт со 22 поени, а кај Вориорси доминираше Стеф Кари со 30 поени.

Милвоки загуби од Орландо со 112:97, кај Бакси недоволни беа 35 поени на Адетокумбо. За „магичните“ репрезентативецот на САД Бакеро усфрли 26 поени, а светските шампиони со Германија, браќата Франц и Мориц Вагнер заедно запишаа 43 поени.

Бем Адебајо со 26 поени и 17 скокови го водеше Мајами кон триумф против Атланта (117:109). За Хокси Јанг беше прв стрелец со 27 поени, а воедно имаше 11 асистенции.

Браун (29 поени) и Тејтум (27 поени) беа едни од најзаслужните за победата на Бостон против Торонто (117:94). Во редовите на Репторси се истакна Камерунецот Сиакам со 17 поени.

НБА лига, резултати

Орландо – Милвоки 112:97
Бостон – Торонто 117:94
Атланта – Мајами 109:117
Голден Стејт – Кливленд 110:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот