Ви треба идеја за ова попладне? Капучино сладолед торта – Разладете се со стил! (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

За среќно семејство понекогаш е потребно да се засити и чувството за вкус, а ние имаме одлична идеја како вашите непца да уживаат ова попладне…

Состојќи за подлогата: 250 грама мелени бисквити, 1 лажица какао прав, 80 грама стопен путер.

Состојќи за филот: 2 лажици капучино, 1 лажица инстант кафе, 200 гр крем сирење, 5 лажици шеќер, 250 мл слатка павлака.

Подготовка: Соединете ги бисквитите со какаото и путерот во компактна смеса и натапкајте ја смесата на дното од калапот. Филот го подготвуваме така што најпрвин го вариме капучиното и му додаваме лажичка инстант кафе. Изматете го крем сирењето и шеќерот, додадете го свареното кафе и соединете. Во посебен сад додадете ја слатката павлака и изматете ја. Потоа соединете ја со првиот фил. Истурете го филот преку подлогата. Оставете да се олади и декорирајте по желба.

Пријатно попладне!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот