Ви се насобрал стар леб? Денес за вечера подгответе ја оваа сочна и мека пита која се топи во устата (ВИДЕО)

Искористете го стариот леб до последна трошка…

Состојки: 500 грама стар леб исецкан на мали коцки, 150 грама сирење, 4 јајца, 200 мл јогурт, 150 грама кашкавал, 100 мл масло, половина прашок за пециво, сол.

Подготовка: Посолете и изматете ги јајцата, додадете го сирењето и маслото, и продолжете со матење. Додадете го и јогуртот и прашокот за пециво. Соединете ја смесата. На дното на претходно намастен сад за печење наредете ги коцките леб, прелијте ги со филот, па повторете го процеот уште еднаш. Најгоре наредете кашкавал. Печете на 200 степени 30 минути.

Пријатна вечера!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот