Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

ФОТО | „Ви испраќам љубов“: Џенифер Анистон го помина првиот Божиќ со момчето, сподели празнични мигови

Актерката Џенифер Анистон го помина првиот Божиќ со новото момче, Џим Кертис, а на социјалните мрежи сподели како изгледале празниците.

Таа објави низа фотографии, меѓу кои и една на која Кертис држи бебе. Нејзиниот избраник блеска со насмевка „од уво до уво“, јасно покажувајќи дека одлично се забавувал.

Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Анистон објави и фотографија од своите кучиња како позираат пред божиќната елка, како и селфи со едно од своите миленици.

Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (Friends) позираше и во друштво на блиска пријателка, а на една фотографија откри како се релаксирала – лежејќи на кауч со маска преку очите.

„Ви испраќам љубов на сите, среќни празници!“, напиша таа во описот.

Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон
Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Да потсетиме, Анистон и Кертис почнаа да ги поврзуваат уште во јули, кога беа видени на јахта на Мајорка.

„Сѐ прават заедно, постојано се заедно, а кога мора да бидат разделени – цело време се на телефон“, изјави тогаш извор.

Некое време ја криеја врската од јавноста, а на почетокот на ноември актерката ја објави нивната прва заедничка фотографија на Инстаграм, посветувајќи му и топла роденденска порака: „Среќен роденден, љубов“.

Џенифер Анистон и Џим Кертис / Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Анистон има богата историја на јавни врски. Од 2000 до 2005 година беше во брак со Бред Пит, а во 2011 се омажи за Џастин Теру, со кого беше до 2017 година. Претходно беше поврзувана и со актерите Винс Вон и Пол Рад. Сите тие искуства, според извори, ѝ помогнале појасно да сфати што навистина сака во љубовта – стабилност и поддршка. Токму тоа го нашла во Џим, кој, како што велат, ѝ го променил животот.

„Сѐ во нејзиниот живот конечно си дојде на свое место и таа е навистина возбудена. Џим е најдобар – пријателите ја обожаваат неговата смиреност, топлина и огромната поддршка. Во нејзиниот живот внесе стабилна и позитивна енергија“, откри извор за странските медиуми, додавајќи дека Кертис е „фасциниран од нејзината кариера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот