ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Земал банана, ја залепил со селотејп на ѕид и сега ќе заработи богатство (ФОТО)
Неверојанто уметничко дело изложено во една галерија во Мајами Бич се продава за неверојатни 120.000 долари.
Се би било сосема во ред доколку ова дело не беше прилично необично. Станува збор за обична банана залепена на ѕид со обичен селотејп.
Според податоците објавени на сајтот „Artnet“, две од три поставки се продадени и цената сега достигнува и до 150.000 долари
Бананата залепена со дебел селотејп е дело на Маурициј Кателан, а тој ова свое дело го претстави вчера во галеријата Перотин.
Бананата е купена во супермаркет во Мајами и е залепена со сив селотејп.
Основачот на галеријата Емануел Перотин за „CNN“ изјави дека бананите се симбол за глобалната трговија, но и често се користат за хумор.
Потенцијалниот купувач би требало да знае дека не постојат инструкции за тоа што да прави со бананата кога таа ќе почне да скапува.
Инаку Маурициј Кателан е уметник кој често ја предизвикува популарната култура. Едно негово дело – ВЦ школка напрскана со 18-каратно злато е проценета на околу 6 милиони долари. Украдена е во септември во Англија.
Уапсени се пет лица, но ВЦ школката се уште не е најдена.