Вернер се посрамоти пред „трансферот“ во Челси! (ВИДЕО)

фото: твитер

Ја искористи грешката на одбраната на Падерборн, го издрибла голманот и само му остануваше да ја погоди празната мрежа, но изненадувачки не го направи тоа.

Од претходно се најавува можна преселба на германскиот репрезентативец во Премиер лигата, поточно на „Стемфорд Бриџ“.

Тимо Вернер се поврзува со трансфер во Челси, а пред евентуално да го направи тоа, се посрамоти на најновиот натпревар во дресот на Лајпциг.

Доколку реализираше неговиот клуб ќе триумфираше, но на крајот остана само 1:1 дома против Падерборн во рамките од 30. коло во Бундеслигата.

Ја искористи грешката на одбраната, го издрибла и голманот и само му остануваше да ја погоди празната мрежа, но изненадувачки не го направи тоа.

Сезонава во најсилната германска фудбалска лига има учинок од 25 голови во 30 одиграни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот