Трансфер бомба: Вернер наместо во Ливерпул оди во Челси

EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Германскиот „Билд“ пренесува дека германскиот репрезентативец се сели на „Стемфорд бриџ“.

Тимо Вернер во договорот со Лајпциг има откупна клаузула која изнесува 60 милиони, но таа важи до 15 јуни, а Челси е подготвен да ја плати спомената сума.

„Сините“ освен тоа му нудат на Вернер петгодишен договор со кој би заработувал по 10 милиони евра годишно.

Доколку се реализира трансферот на Вернер во Челси, тоа ќе претставува огромно изненадување бидејќи во медиумите во Германија и во Англија се шпекулираше дека неговиот трансфер во Ливерпул е завршена работа.

Во работата се изјалови пред неколку недели кога менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, доби порака од сопствениците на „црвените“ дека клубот поради пандемијата на коронавирусот нема пари за засилувања.

Сериозен интерес за Вернер пројавуваа и два италијански тима, Јувентус и Интер. Во Јувентус се надеваа дека Вернер би бил идеален партнер на Кристијано Роналдо и Пауло Дибала во нападот, но челниците на италијанскиот тим не сакаа да платат 60 милиони евра за одличниот напаѓач и се свртеа кон Аркадиуш Милик од Наполи.

Интер од друга страна во Вернер го гледаа наследникот на Лаутаро Мартинез но немаат намера да реагираат се додека не го продадат Аргентинецот на Барселона и таа нерешителност ја искористи Челси да се договори со Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот