Баварски час по фудбал во Леверкузен! (ВИДЕО)

фото: твитер

Баерн Минхен триумфираше на гостувањето кај Баер и на четири кола до крајот на сезоната е блиску до нова шампионска титула.

Денеска во рамките од 30. коло во најсилното германско фудбалско првенство екипата на Баерн Минхен запиша уште една победа.

Баварскиот гигант на гостувањето кај Баер Леверкузен триумфираше со 2:4 и на четири кола до крајот на сезоната е многу блиску до одбрана на шампионската титула.

Прв во водство беше Баер со голот на Аларио, но играчите на Флик направија пресврт, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Коман, Горецка, Гнабри и Левандовски. Домаќините само го убалжија поразот преку Вирц во 89 минута од средбата.

Тренерот Ханси Флик одлично го води Баерн, со одлична статистика од 11 победи по ред, 23 победи во неговите први 26 мечеви на клупата и 43 освоени од можни 45 бодови.

На останатите три дуели од саботната програма во Бундеслигата: Дизелдорф-Хофенхајм 2:2, Ајнтрахт Франкфурт-Мајнц 0:2 и Лајпциг-Падерборн 1:1.

На табелата води Баерн со 70 бодови, 10 повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, па доколку „милионерите“ бидат поразени на вечерашниот меч (18.30 часот) од Херта Берлин, на Баерн ќе му биде потребна само уште една победа за обезбедување на првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот