Васил Гарванлиев ексклузивно за „Слободен Печат“ го претставува својот најнов проект „СудБина“

приватна архива

Ја имаме честа први да ја најавиме премиерата на најновото остварување на Васил Гарванливев, кој воедно оваа година ќе ја претставува нашата земја на „Евровизија“.

Вечерва, во 19:00 премиерно на „Youtube“, Гарванлиев ќе го претстави својот видео спот за песната „СудБина“ од истоимениот албум кој е во завршна фаза.

Родени голи, сè друго е Суд и Бина“, вели Васил.

Приватна архива

Во разговорот, Гарванлиев откри дека на овој проект е особено горд. Тој сподели интересни детали околу снимањето на видео спотот, воедно најавувајќи го и својот нов албум.

Драги пријатели, со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, и носечка песна на албумот „СудБина“ – албум кој е во завршна фаза и се работи со многу љубов“, изјави Гарванлиев.

Приватна архива

Музиката е на Александар Јовевски, текст на Давор Каракашев, видео на Ѓорѓи Вацев, кореографија на Ивана Балабанова и Битрикс. Зад прекрасните костими и стајлинг стои Методија Коцев, а за шминката е одговорен Александар Миндев.

Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој сега ќе го видиме и во улога на режисер.

Приватна архива

Спотот е снимен во Универзална сала, која за Васил има посебно знаење.

Огромна благодарност до Филип и Универзална сала што ни овозможија да снимиме (можеби и за последен пат) и воедно да го заокружиме патот од три децении од мојата прва сценска појава, токму таму“, вели Васил.

Фотографија од изведбата на „Марионка“ / Приватна архива

Васил вели дека со нетрпение ги очекува впечатоците и коментарите за песната и видео спотот.

Дали е благослов или клетва тоа што го правиме? Прашање за кое сè уште ни јас немам одговор…“,

Песната и видеото може да ги проследите на следниов линк во 19:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот