ФОТО | Кејт Бланшет блесна на црвениот тепих во Кан: Актерката испрати јасна порака со еден детаљ
Кејт Бланшет се појави на црвениот тепих за премиерата на „Приправникот“ – филм за Доналд Трамп, на Канскиот филмски фестивал. Австралиската актерка прошета во долг црн фустан со бели риги, а еден детаљ го привлече вниманието на обожавателите.
Препорачано
Имено, кога застанала пред фотографите, Кејт го повлекла задниот дел од фустанот и го открила делот од фустанот кој бил со зелена боја. Овој детаљ на модната комбинација на актерката предизвика вниманиe, а на социјалните мрежи многумина искоментираа дека е знак дека ја покажала својата поддршка за Палестина.

Имено, фустанот кој го носеше беше црн, бел и зелен, кои во комбинација со црвениот тепих вусшност го претставуваат палестинското знаме.
„Прекрасно! Секако, и Кејт, но најмногу палестинското знаме“; „Ти благодарам Кејт“; „Сега ја сакам уште повеќе“, „Ова бара храброст“, се дел од коментарите на Икс.

Инаку, 55-годишната актерка објави фотографии и на својот инстаграм-профил од модната комбинација и потврди дека облекла фустан во боите на палестинското знаме.
So beautiful! Cate of course but mainly the Palestinian Flag! ??
— Harry Rama Free?? (@AlanRamskill) May 21, 2024


