ФОТО | Кој е неговиот следен чекор? Бејби Лазања откри што прави по Евровизија

Бејби Лазања / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Бејби Лазања го освои второто место на Евровизија каде настапи со песната „Rim Tim Tagi Dim“, а за кратко време ја освои и публиката низ целиот регион.

Пејачот продолжува со своите музички ангажмани, тој сега на своите следбеници на социјалните мрежи им откри што е неговиот следен чекор по спектаклот во Малме, Шведска.

Бејби Лазања, всушност објави фотографија од музичкото студио. На него го означил Матеј Зец, членот на „Лет 3“, кој работи и како музички продуцент, па следбениците заклучиле дека се „фрлил“ на создавање нова музика.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Бејби Лазања за рекордно време распродаде и три концерти на загрепскиот стадион „Шалата“. Неговата песна влезе дури и меѓу 50-те најпуштани песни на Спотифај во светот.

Да потсетиме, по враќањето во Хрватска од Евровизија, тој беше пречекан од илјадници луѓе. Хрватската влада му додели 50.000 евра како награда за неговиот огромен успех и промоција на Хрватска на Евровизија, но Бејби Лазања се откажа од наградата и ја пренасочи во добротворни цели.

Што ти е Евровизија: Бејби лазања ги заинтересира Швеѓаните за одмор во Хрватска!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот