Откриен клучен детаљ во истрагата за смртта на Метју Пери?

Метју Пери / Фото: Profimedia

Полицијата ја истражува смртта на ѕвездата на комичната серија „Пријатели“ („Friends“), Метју Пери, бидејќи сè уште не е јасно кој го снабдувал познатиот актер со кетамин. Да потсетиме, Пери почина минатата година во октомври, а причина за смртта беа акутните ефекти на кетаминот.

Истрагата трае со месеци, а „Мирор“ сега известува дека извор рекол дека оние кои биле испитани, бидејќи имале историја на употреба на дрога, не мора да бидат вистинските дилери кои му дале кетамин на актерот. Сепак, полицијата наводно има информации кои би можеле да доведат до тој извор.

Засега, според медиумите, нема апсења.

Не е тајна дека Пери се бореше со зависност од алкохол и опиоиди, но 19 месеци пред неговата смрт – актерот беше трезен.

Во едно неодамнешно интервју, очувот на Пери, Кит Морисон, зборуваше на оваа тема.

„Се чувствуваш како да ја победуваш зависноста, но никогаш не успеваш во тоа. И тој го знаеше тоа…“, рекол Морисон, објаснувајќи дека Пери дошол до „одредена точка“ кога ќе му требала стручна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот