ВИДЕО | Речиси до целта: Никола Роквиќ утре пристигнува во Егина, откри колку милиони собра

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ тргна пеш до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција, за да собира средства кои ќе се насочени за хуманитарни цели.

Пејачот и неговата фондација „Породица“ како што објавија, собра 31 милион динари за помош на онкологијата во Србија, а подвигот на Никола е пред крај, бидејќи утре треба да стигне до целта.

Тој, секојдневно објавуваше на социјалните мрежи за да ги информира следбениците за неговиот пат и донираните средства. Сега, се огласи да каже дека набрзо ќе ја постигне посакуваната цел.

„Драги луѓе, Господ помага. Се надевам дека сите сте добро, еве сме на дофат на Атина, ако даде Господ, утре треба да пристигнеме на пристаништето Пиреја и потоа со траект до Егина, а од местото каде што ќе се спуштиме до манастирот е 7 километри и до Атина 50 км, утре со помош на Господ треба да поминам 57 километри. Ви благодарам за поддршката, ви благодарам за вашите молитви, ви благодарам за вашата љубов, за вашата вера. Останете со нас во вашите мисли за да ја достигнеме целта. Морам да ви кажам дека на денешен ден собрани се 31 милион динари, денеска и утре повторно одиме, навистина, овој пат за детска радост“, изјави тој во своето видео.

Инаку, Никола Роквиќ го започна своето патување пред 30 дена.

ФОТО+ВИДЕО | Никола Роквиќ пешачи низ Струмица кон Грција: Струмичани му подарија ајвар и икона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот