Џенифер Лопез се појави на премиерата на новиот филм „Атлас“ без сопругот

Фото: Valerie Macon / AFP / Profimedia

Џенифер Лопез (54) се појави на премиерата на нејзиниот нов акционен филм „Атлас“ во понеделникот во Лос Анџелес. Таа носеше бел топ без прерамки и црно здолниште до подот. Косата ја врза во пунџа, а аутфитот го комплетираше со сребрен ѓердан украсен со пастелно зелени скапоцени камења.

За разлика од нејзиниот сопруг, Џенифер Лопез на премиерата се појави и со бурма.

Веќе некое време се шушка дека пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек се разведуваат.

Неодамна тој во јавноста се појави без бурма и со тоа дополнително ги подгреа гласините. Меѓутоа, во неделата биле снимени како излегуваат заедно, на настапот на детето на Бен.

Фотографите ги фотографирале во автомобилот, а сопружниците се смееле и им мавтале на фотографите.

Џенифер и Бен се венчаа во 2022 година, а претходно беа во врска. Тие почнаа да се забавуваат во раните 2000-ти, а планираа да се венчаат во 2003 година.

ФОТО | Еден детаљ го привлече вниманието: Џенифер Лопез и Бен Афлек видени заедно по гласините за развод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот