Премиерата на „Приправник“ го шокира Кан: Филмот за Доналд Трамп доби неколкуминутни овации

Џулијан Форде, Рут Трејси, Марија Бакалова, Али Абаси, Себастијан Стен и Ејми Баер / Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Еден од најочекуваните моменти на 77. издание на Филмски фестивал во Кан конечно се случи со светската премиера на филмот за Доналд Трамп со наслов „Приправникот“, во кој глуми Себастијан Стен како млада верзија на магнатот за недвижности.

Како што пишува „Холивуд репортер“ пред неговото претставување, практично никој не го видел „Приправникот“, бидејќи филмот наводно бил завршен само неколку дена пред неговата премиера.

На црвениот тепих во Кан прошета дел од филмската екипа како Али Абаси, Себастијан Стен, Мартин Донован и Марија Бакалова. Само Џереми Стронг, кој во филмот го игра озлогласениот адвокат Рој Кон, не присуствуваше.

Во режија на познатиот иранско-дански режисер Абаси и сценарио на Гејб Шерман, филмот го истражува доаѓањето на подемот на Доналд Трамп во Америка во 1980-тите под влијание на озогласениот адвокат Рој Кон.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Неколку шокантни моменти во филмот – сцена која го прикажува наводното силување на неговата прва сопруга Ивана од страна на Трамп и секвенца во хируршката сала во која се прикажува Трамп како прави липосукција – предизвикаа реакции кај публиката на премиерата во Кан.

По проекцијата, Абаси срдечно ги прегрна своите членови на актерската екипа, а Кејт Бланшет, која седеше непосредно пред режисерот и екипата, прва стана и аплаудираше, прегрнувајќи ја Бакалова. Најгласниот аплауз беше за Стен за неговиот трансформативен настап како Трамп. Публиката аплаудираше речиси одум минути, стоејќи на нозе, иако многумина беа забележани како излегуваат од театарот на само четири минути.

ФОТО | Бела Хадид го маѓепса Кан: Манекенката се појави во проѕирен фустан и покажа зошто е „фам фатал“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот