Старински рецепт од 3 состојки против запек: Ја стимулира работата на цревата и го чисти организмот
Три моќни состојки за цревата! Овој природен, старински рецепт гарантира дека вашиот дигестивен тракт ќе работи како часовник, а воедно, секој што има проблем со запек, односно со опстипација, веќе нема да се мачи со оваа непријатност.
Препорачано
Секој има свои методи за забрзување на метаболизмот, а еве некои од нив:
Состојки:
– 150 г урми (1 чаша)
– 150 г сливи (1 чаша)
– 1,5 чаши зовриена вода (помалку за погуст џем)
Подготовка:
Исечете ги урмите и сливите на парчиња. Ставете ги во врела вода и варете додека смесата не се згусне. Добиената количина треба да биде за 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти.
Можете да го јадете сам, да го намачкате на леб, да го додадете во јогурт, овесни снегулки…
Овој старински рецепт е доказ дека најдобрите решенија се често наједноставни. Со комбинирање на сливи и урми, му ги давате на вашето тело потребните влакна кои гарантираат дека варењето ќе работи сигурно како часовник, а вие ќе се чувствувате полесно и почисто.
Направете го овој моќен џем и направете го првиот чекор кон долгорочни здрави црева. Природата нуди решение, а вие искористете го!
Совети за исхрана за да постигнете редовно празнење на цревата:
– Пијте многу вода
Јадете храна со повеќе влакна:
– Овошје, зеленчук, трици
Постепено воведувајте влакна во вашата исхрана и избегнувајте лаксативи бидејќи постојат многу природни методи што можете да ги користите за да си помогнете.
Избегнувајте кофеин и млеко.


