Ванда Нара по секс аферата со Марадона влезе во светот на фудбалот

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Сопругата на Мауро Икарди сега е една од најмоќните жени во светот на фудбалот.

Ванда Нара ја користи секоја можност за да го покаже своето секси тело додека ужива во луксузот. Но, деновиве се појавија фотографии од Ванда кога била млада и сликите покажаат дека како млада и не била толку убава као сега.

Пред 14-15 години, од кога е фотографијата Ванда во Аргентина беше нарекувана „старлета во подем“, посебно откако беше уловена како влегува во хотелот во кој бил сместен и Диего Марадона.

Секс аферата на Ванда со Марадона ја откри познатата аргентинска актерка и ТВ водителка, Мирта Легранд, по што започна нејзиниот подем.

Бев на ручек во еден хотел во Мар дел Плата и кога си заминував ми пријде Ванда и ме праша: „Зашто не ме повикаш во својата емисија“?
Јас и одговорив: Дали си ти таа девојка која имаше секс со Марадона? Ме оставивте без сон – открива Мирта и детално објаснува за вечерта.

Бев во претседателскиот апартман, а тие беа веднаш со мене. Беа толку бучни што не можеше да се спие. Дури го поместуваа и мебелот.

Очекувано, Ванда ги демантира овие тврдења на Мирта, но не можеше да ја демантира видео снимката на која се гледа како сегашната сопруга на Мауро Икарди,ја носи долната облека на Марадона.

Ванда по авантурата со Марадона влезе во светот на фудбалот и се омажи за Макси Лопезкого пак го измами со сегашниот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот