8 C
Скопје

Вака ќе изгледа Неделата на модата во време на коронавирусот

Неделата на модата во Милано ќе биде одржана од 22 до 28 септември во текот на која колекциите за пролет и лето ќе бидат претставени преку дигитални презентации, но и во живо.

Ова ќе биде првата миланска Недела на модата со постепено враќање во нормалата, бидејќи Милано претходно во јули организираше дигитални модни презентации наместо традиционалните ревии.

Враќање во нормалата, но со сите неопходни мерки за претпазливост, како што е почитувањето на строгите антиковид правила.

Организаторите истакнуваат дека „главниот јунак“ на Неделата на модата која ќе започне во Милано за десетина дена е храброста.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, најавено е дека во текот на миланската Недела на модата своите колекции, покрај остантите, ќе ги претстават и Валентино, Фенди, Армани, Прада, Долче и Габана, Етро и Макс Мара.

Прочитајте и...  Германски научници откриле радарска технологија која може да предвиди мозочен или срцев удар

Се проценува дека модната индустрија во Италија поради пандемијата на коронавирусот ќе се соочи со намалување на извозот за 28 проценти.

Поврзани вести

Германски научници откриле радарска технологија која може да предвиди мозочен или срцев удар

Слободен Печат

Британски институт за стратешки студии: Нов рекорд во светските воени трошоци во 2020 година, и покрај кризата заради пандемијата

Слободен печат

Макрон: Ќе примам вакцина на „АстраЗенека“ кога ќе ми дојде редот

Слободен печат

ФОТО | „Што си се омажила ако знаеш дека тепа?“: Герила низ Скопје – #ШтоПравиМВР?

Ирена Трајкова

Њујоршките обвинители ги добија даночните документи на Трамп

Слободен печат

Тајни агенти ги следеле и снимале Амфилохије, Кривокапиќ, Бечиќ, Мандиќ …?

Слободен печат

Остави Коментар