Вака би изгледал „Сам дома“ денес (ФОТО)

принтскрин

Откако претседателот на управата на „Disney“ објави дека работат на римејк на култниот филм „Сам дома“, во виртуелниот свет започна лавината од негодување и зезање, а ја предводи верувале или не самиот Меколи Калкин, оригиналниот Кевин од оригиналниот филм.

– Вака би изгледал „Сам дома“ денес – напиша Калкин на својот Твитер покрај смешната фотографија која воедно ја објави, на која тој јаде седнат на троседот опкружен со храна, лаптоп и хартии.

Неколку моменти подоцна напиша „Disney“ јавете ми се ќе се договориме.

Најгласни се оние кои сметаат дека идејата за римејк на филмскиот хит едноставно би трабала да се заборави.

– Зошто повторно да снимате кога оригиналната верзија е брилијантна и ден денес гледана, пишуваат бесните фанови.

Некои пак предложија Меколи Калкин да го глуми таткото во римејкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот